Настани
Филмскиот фестивал за млади „Џифони Македонија 2021“ се враќа во киносалите
Филмскиот фестивал за млади „Џифони Македонија“ повторно во живо.
По минатогодишното онлајн издание, деветтото издание на Џифони Македонија ќе се одржи од 7 до 12 октомри во Скопје, на добро познатите локации: во Кинотеката, во Младинскиот културен центар и во киното „Милениум“.
Веќе неколку дена е објавен повикот со кој се повикуваат сите ученици од средните и од основните училишта да се пријават за учество во меѓународното жири.
Во намален број заради протоколите за безбедност, околу 180 ученици од основните и средните училишта од градот заедно ќе гледаат филмови и ќе учествуваат на креативни работилници, мастеркласови и други интересни содржини.
За учесниците од странство и од другите градови во Македонија ќе биде обезбедена видеоконекција преку која ќе им се приклучат на своите врсници во активностите.
Пријавувањето е отворено до 4 октомври (понеделник).
Формулар за пријава во категоријата Јуниори (VI, VII, VIII и IX одделение) https://tinyurl.com/Juniori21
Формулар за пријава во категориите Кадети и Сениори (I, II, III и IV година средно) :https://tinyurl.com/GiffoniMK21
Формулар за волонтери: https://tinyurl.com/GiffVolonteri
Фестивалот „Џифони Македонија“ е поддржан од македонската Агенција за филм и Министерството за култура, Град Скопје, партнерот од Италија – „Џифони Експиериенс“ и Мисијата на ОБСЕ во Скопје.