Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Hooverphonic доаѓаат во Скопје!

Настани

Hooverphonic доаѓаат во Скопје!

Еден од најголемите trip-hop бендови во светот конечно се враќа во Скопје: HOOVERPHONIC со ексклузивен концерт во Македонска филхармонија на 18 април, 2025 година!

По повод 25 години од aлбумот “The Magnificent Tree”, во кој се наоѓа ремек делото кое ја одбележа нивната кариера – “Mad About You”, Hooverphonic ќе одржат еден ексклузивен концерт во Македонска филхармонија, придружувани од гудачки квартет!

-Големо задоволство ни е да ви го најавиме првиот светски авалонски концерт закажан за 2025 година, соопшти Авалон продукција.

Hooverphonic e белгиски бенд основан во 1995 година, со 12 студиски албуми и неколку компилациски изданија позади себе. Во 2019 во рекорден рок распродадоа два концерта во Македонска филхармонија, по што следеа, барем за нас, едни од најубавите концерти некогаш одржани во таа сала.

Влезниците се во продажба онлајн на ticketx.mk и во продажната мрежа на ticketx низ Македонија по цена од 2.000 денари.

Исто така, во продажба има и лимитиран број на ВИП влезници (само првите 6 реда) по цена од 2.500 денари.

 

Повеќе од Настани

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.