Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Хрватската турнеја на Националниот џез оркестар и Рамбо Амадеус ја запали публиката и медиумите: Уметничка изведба со епско значење

Настани

Хрватската турнеја на Националниот џез оркестар и Рамбо Амадеус ја запали публиката и медиумите: Уметничка изведба со епско значење

Делириум во Сплит, Еуфорија во Шибеник, НЏО и Рамбо го разбудија Вис се само дел од насловите кои ги објавија хрватските медиуми за време на турнејата на Националниот џез оркестар, кој го нарекоа и „најлудиот оркестар на Балканот“.

Рекордно продадени концерти, изблици на еуфорија, громогласни аплаузи, бројни осврти и написи во хрватските медиуми ја означија првата официјална интернационална турнеја на Националниот џез оркестар кој настапи со Рамбо Амадеус на три престижни концертни сцени на хрватското приморје. Долго ќе се памети концертот во Сплит, една од најреномираните културни институции во регионот, која ретко и инцидентно ја отстапува сцената за жанр, поинаков од класичниот. Видеата сведочат за неколкуминутни стоечки овации на публиката која во Сплит ги повикува музичарите на бис, а музичката критика овој настап го оцени како ексклузивен кој можеби никогаш не се случил на оваа сцена.

– Сè уште сме под импресии иако има веќе неколку дена откако ја завршивме нашата турнеја низ Хрватска. Имавме три концерти, а со нас настапи нашиот пријател, извонредниот уметник Рамбо Амадеус. Оваа наша соработка уште еднаш се покажа како исклучително успешна, а пред публиката се претставивме со биг бенд аранжманите на композициите на Рамбо, подготвени од нашите членови, кои македонската публика имаше можност да ги чуе пред година и пол на концертот кој се одржа на сцената на Филхармонија – велат од Националниот џез оркестар.

Трите концерти обединија три различни контексти и хронотопи при што првиот настап беше на 25 јуни во Шибеник, во Тврдината на св. Миховил, следеше концертот на 28 јуни, во рамки на првото издание на фестивалот Island Vis Music Breeze, и концерт во Хрватскиот народен театар во Сплит, една од најреномираните културни институции во регионот, кој се одржа на 1 јули.

– Се враќаме со богато искуство, но и со полни срца бидејќи настапите беа одлично прифатени од страна на публиката, се изродија безброј нови можности за нови соработки, а концертите беа комплетно распродадени во рекорден рок – велат од НЏО.

„Концертот во Шибеник почна во релативно мирна концертна атмосфера и кон средината на концертот веќе цела публика беше на нозе и се случи голема концертна еуфорија со скандирање од страна на оубликата“, го пренесуваа медиумите концертот во Шибеник, додека настапот во Хрватскиот народен театар во Сплит беше опишан како „редок вид на театарско музички перформанс креиран од НЏО и Рамбо“.

„Помеѓу оркестарот и Рамбо имаше ретко видена и слушната интеракција каде целиот концерт повеќе наликуваше на музичка драмска претстава со високо креативна нарација на Рамбо Амадеус… Оркестарот се претстави пред хрватската публика на највисоко професионално ниво и воедно прикажа вистинска непосредност во комуникацијата со Рамбо. Солистите блескаа во сите солистички делници“, пишуваа медиумите.

Повеќе од Настани

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.