Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Хуманитарен концерт со пијанистот Дмитри Маслеев

Настани

Хуманитарен концерт со пијанистот Дмитри Маслеев

Хуманитарен концерт со пијанистот Дмитри Маслеев

Оркестарот на Филхармонија ќе одржи хуманитарен концерт на 22 октомври (четврток) во 20 часот насловен „PERASPERAADASTRА“. Средствата од овој концерт се наменети за лекување на Игор Пармаковски кој го години се бори со Кронова болест.

Како солист на концертот ќе настапи рускиот пијанист Дмитри Маслеев, еден од најзначајните млади солисти на светската музичка сцена во моментов, а диригент е Габриел Бебешелеа од Романија. Како солист ќе настапи и првиот трубач на оркестарот на Филхармонија -Драган Младеноски.

На програмата се две исклучителни дела од рускиот композитор Дмитри Шостакович – Концертот за пијано труба и гудачки оркестар оп.35 и Камерната симфонија во це-мол, оп.110а.

Концертот за пијано, труба и гудачки оркестар оп.35 од Дмитри Шостакович бил заврешн во 1933 година, и во него композиторот прави експеримент со употреба на необарокни инструменти. И покрај насловот концертот повеќе може да се класифицира како дупли концерт, бидејќи пијаното и трубата имаат еднаков третман и комплексност во партитурата.

Години, подоцна, Шостакович изјави дека примарно планирал да создаде Концерт за труба и оркестар, а потоа го додал пијаното за да биде дупли концерт. Како што го пишувал, тој се трансформирал во пијано концерто со соло труба.

Камерната симфонија, всушност, е транскрипција и адаптација на Гудачкиот квартет бр. 8 на рускиот композитор Рудолф Баршаи, кој во ова симфониско дело за гудачи вметнал фрагменти и од други дела на Шостакович – од симфониите број 1 и број 5, еврејската тема од Пијано триото број 2, од Првиот концерт за чело и оркестар и од операта „Лејди Магбет“.

Симфонијата има пет става во кои се испреплетени типичниот музички јазик, стил и естетика на Шостакович. Таа е мало музичко ремек-дело во кое е собран музичкиот универзум на овој руски композитор.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Настани

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.