Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

„И јас сум Марко” – Корчагин најавува хуманитарна претстава за помош на болен поранешен ученик

Настани

„И јас сум Марко” – Корчагин најавува хуманитарна претстава за помош на болен поранешен ученик

На 10 април, Македонскиот народен театар ќе го претстави хуманитарниот проект на гимназијата „Корчагин“ – музичката драма „Чекајќи го…“, на која ќе биде изведена дистописка драма за некои идни луѓе, во која главен лик е книгата.

Во претставата ќе учествуваат и дел од поранешните ученици од гимназијата, сега професионалци во своите струки, а билетите се продаваат преку официјалниот фејсбук профил на „Корчагин“ по цена од 200 денари. Сите средства ќе бидат уплатени за лекување на 25-годишниот Марко, поранешен корчагинец, кој боледува од 4 стадиум на канцер и се лекува во Париз.

Приказната е за мала група чекачи, „осудени“ да читаат книги додека чекаат подобри времиња, а во претставата се вклучени цитати и мудрини од преку 25 светски книги, од Платон до Венко Андоновски и Горан Стефановски. Главните ликови во претставата се андрогени и алудираат на ликовите од Бекетовата драма на апсурд „Чекајќи го Годо…“, бивши политичари, судии и бизнисмени, кои се покајуваат што низ животот не читале доволно книги за да развијат емоционална интелигенција, чиј врв е добрината.

Сепак, низ целата претстава главен лик е книгата, која доминира во кореографијата, музичките точки и текстот. Идејата на хуманитарната музичка драма „Чекајќи го…“ е да испрати хумана порака дека секој од нас може да биде Марко и слоганот (хаштагот) е #ијассуммарко.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Настани

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.