Настани
И вториот закажан концерт на Каролина, Дуке и Исмаил е распродаден!
По барање на публиката, поради рекордното распродавање на првиот концерт ,,Песни за љубов и копнеж” со Каролина, Дуке и Исмаил за само неколку часа и навистина големиот интерес, Авалон закажа втора вечер на 24ти декември во Македонската Филхармонија.
Откако првиот концерт беше распродаден за само 4 часа, за веќе следниот ден беше најавен и втор концерт, за кого продажбата започна денеска во 9 часот, но и тој е распродаден за рекордни 35 минути.
-Дека љубовта и копнежот се многу важни, особено кога за нив пеат и свират уметници со светски квалитет како Каролина, Дуке и Исмаил зборува фактот дека вториот концерт се распродаде за точно 35 минути – изјавија од Авалон Продукција.
Концертите на 23 и 24 декември, се во 20 часот, во Македонската Филхармонија.