Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

ИФФК „Браќа Манаки“ годинава е навистина голем: Со 400 гости од кои 160 се странски и 79 извонредни филмови

Настани

ИФФК „Браќа Манаки“ годинава е навистина голем: Со 400 гости од кои 160 се странски и 79 извонредни филмови

На денешната прес конференција на 44. ИФФК „Браќа Манаки“ која се одржа во Офицерскиот дом во Битола беа презентирани детали за годинешната програма на Фестивалот, но и офф програмата.

-Еве со оваа прес конференција, прва во Битола, фестивалот си дојде дома, тој си припаѓа на Битола, тука ќе остане и ова е негов вистински дом како што бил дома на браќата Манаки.

44. издание на „Браќа Манаки“ навистина е голем. Првата година имавме 150 гости, 20 филмови, двајца добитници и скромен буџет, го организиравме во време на пандемијата. Наредната година имавме 250 гости, 65 филмови и 37 ноќни забави, а годинава имаме меѓу 350 и 400 гости од кои околу 160 се странски гости, тоа е огромна бројка и 50 VIP, имаме 79 филмови во кино сали и проекции на отворено. Имаме извонредни филмови во главната селекција од Кан, Берлин, Венеција, Карлови Вари, Сан Себастијан. Тоа се филмови во кои знаењето и умешноста на кинематограферите доминираат, имаме во оваа селекција врвни кинематографери кои работат во врвни режисери, рече директорот на Фестивалот Симеон Мони Дамевски.

Директорот информираше дека има македонски филмови за отворање и затворање на Фестивалот, а ги претстави и останатите програми од кратката селекција, документарните филмови, студентските филмови, како и филмовите кои публиката ќе може да ги погледне на отворено од своите автомобили.

-На Фестивалот ќе се одржи тркалезна маса на шест исклучителни жени кинематограферки кои ќе проговорат за предизвиците во професијата, Балканска конференција на кинематографери од која ќе произлезе Манифест, потоа сите кино-прикажувачи ќе потпишат Меморандум за да се рашири кино-мрежата во Македонија и да се врати публиката во кината, следува проектот „Наследниците на Манаки“, каде најмалите се внесуваат во светот на филмот, снимаат филмови и ги прават првите чекори во оваа сфера. Годинава и амбасадите на Германија, Франција и Италија организираат вечери на нивната култура поврзани со филмовите кои ќе бидат прикажани на Фестивалот и авторите кои ќе бидат наши гости, подвлече Дамевски.

Содржините на офф-програмата почнуваат еден ден порано од официјалното отворање на Фестивалот со Филмско кабаре, а нив ги претстави Маја Ангеловска која е координатор на програмата.

Под мотото „На Кино, па Олабај со Манаки офф“ ќе може да се проследат настаните: Наследниците на Манаки/ Филмско патување низ филмовите на Манаки ǀ филмска работилница ǀ со режисерката Марија Џиџева, разговор со Румена Бужаровска; модератор Ана Василева, Aудио презентација ǀ музика за филм во слушачки агол, изложба на фотографии од „Крај Вардарот сесии“ Божиновски часовници и накит и Аудиокултура во Теохаров аудио агол, Аудио презентација ǀ референтен звук во слушачки агол, Филмско кабаре – официјално отворање на програмата, Друштвени игри од Гоблин ǀ со Иво Бару, Мани кадро со Браќата ǀ фото агол, фото изложба „Со Љубов од Битола“ ǀ Центар за европски развој и интеграции – Битола, Проекција на документарниот филм „Манаки“ во продукција на ОХО, Феминистичко Stand up попладне со Софија Ристевска Петрушева и Никола Пројчевски, TIME.SOUND.VISION – Заедничка презентација на Божиновски часовници и накит и Аудиокултура на Теохаров аудио систем, Премиерна аудио презентација на новиот винил „Крај Вардарот сесии во Аудиокултура “, Промоција на плочите „THE BACK OF BEYOND“ на Кокан Димушевски и „ГРИЖА НА СОВЕСТА“ на бендот Паркети. Промотор Тошо Филиповски, Промоција на збирка поезија „Филмски песни“. Автор: Дејан Трајкоски. И музика: Браснислав Николов и Гоце Јованоски, Јазична меморија – Изложба на визуелен приказ на македонски зборови автор: Сташа Божиновска и многу други, информираше Ангеловска.

Годинава, КЦ Магаза се претвора во основна точка за комуникација помеѓу битолчани и Фестивалот „Браќа Манаки“.

44. издание на ИФФК „Браќа Манаки“ ќе се одржи од 23 до 29 септември во Битола.

Повеќе од Настани

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.