Intermezzo Music Rituals продолжува и оваа сабота – следува сетот на LANNKA
Оваа сабота нашето музичко патување патување во рамки на Intermezzo Music Rituals продолжува со звуците на LANNKA, талентираниот артист кој доаѓа од Атина и е еден од творците на епските забави во култниот „Скорпиос“ на Миконос. Неговите сетови започнуваат од Ориентот, патуваат низ Блискиот Исток и кулминираат со дип бас линијата на Африка.
Ум загубен во музика, ова би била перфектната дефиниција за Јоргос Караконстантоглу, попознат како LANNKA. Роден и пораснат во Атина на почетокот од 80-те години, како диџеј почнува да работи на 14-годишна возраст. Почетоците му се поврзани со клубовите во родната Атина, но набрзо негова дестинација станува и Миконос.
Благодарение на стекнатото искуство на клупската сцена низ годините како диџеј и промотор во локални клубови, почнува да пишува и продуцира квалитетна музика. И конечно, после долги години и искуство, сликата во неговата главата за тоа што сака и треба да биде станува кристално јасна. Роден е Lannka! Набрзо го сретнува Валерон, а природната хармонија меѓу нив ги прави вистински пријатели и неразделни соработници. Почнуваат да продуцираат заедно, па како природен след на нештата се раѓа Bercana music.
Во магијата на Lannka ќе уживаме оваа сабота, а веќе на 4 октомври е закажано гостувањето на неговиот пријател и соработник и еден од водечките диџеи во регионов и број 1 на Миконос – ВАЛЕРОН, човекот кој прави магична комбинација на звуците од традиционалните грчки инструменти и електронските битови.
И тоа не е сè, дел од Intermezzo Music Rituals што стартуваше со сетот на Chris IDH, едно од најголемите имиња од соседството кога е во прашање хаус сцената, ќе бидат и Derun и Nikos.
Тимот на Интермецо најавува незаборавни музички патувања и уникати сетови. Бидете со нас!