Настани
Изложба на Боро Митрески-Минта: 33 години од живеењето на Христос – Живот за спас на човештвото
Музејот на Македонија во Скопје ќе ги претстави делата на познатиот охридски среброрезец Боро Митрески-Минта на неговата прва изложба која ќе се одржи овој 6 април (четврток). Изложбата е насловена „Среброрез“ и ќе биде посветена на 33 години од живеењето на Христос – Живот за спас на човештвото.
Митрески-Минта е единствен резбар во Македонија кој работи со бакрорез, златорез и среброрез повеќе од 30 години. На неговата прва изложба ќе може да се видат 33 минијатурни експонати, меѓу кои „Богородица со Исус“, „Распетие Христово“ и „Исус Христос“.
Изложбата ќе ја отвори познатиот македонски поет Ефтим Клетников, кој ќе каже неколку воведни зборови за делата на Митрески-Минта.