Кан е центарот на случувањата: Започна 74. издание на Канскиот Фестивал
Со премиерата на филмот „Annette“ беше одбележан почетокот на 74-тото издание на Канскиот филмски фестивал.
Канскиот фестивал, најпрестижниот и најпопуларниот фестивал на кинематографијата во светот, започна вчеравечер, на 6-ти јули и ќе трае до 17-ти јули.
Канскиот фестивал, што обично се одржува во мај, беше преместен во јули поради пандемијата со коронавирусот, но и овогодишното издание се одржува на ист начин како претходните изданија пред пандемијата, со црвен тепих, филмски проекции со публика и забави за филмските работници и гостите на фестивалот.
На фестивалот за Златната палма ќе се натпреваруваат 24 филмови, а ќе бидат прикажани повеќе од 60 филмови.
На црвениот тепих прошетаа голем број славни личности во уникатни модни изданија.