„Киненова“ за прв пат ја претставува современата ирска кинематографија во Македонија
Меѓународниот филмски фестивал „Киненова“, годинава, во рамките на својата редовна програма, за прв пат ја претставува современата ирска кинематографија во Македонија.
По тој повод на 20-ти ноември (сабота ), во кино- салата на Кинотека на Македонија, со почеток во 20 часот ќе се одржи свеченост на која ќе присуствува Амбасадорот на Ирска за Романија, Македонија и Молдавија, Н.Е. Пол МекГери, кој ќе ја отвори свеченоста, а потоа ќе следува проекција на црната комедија „Привлечен ѓавол“ на ирскиот режисер Џон Батлер.
Останатиот дел од програмата на фестивалот, која ја има во фокус ирската кинематографија, во наредните три дена ќе се емитува на телевизија 24, меѓу кои се два филма на прославениот ирски режисер Дејвид Глисон, како и моќниот документарен филм „ГЛАД“ каде наратор е Лијам Нисон.
Оваа ексклузивна програма се реализира во соработка и со поддршка на Ирската амбасада во Букурешт.
Ирска/2016/95’
ПРИВЛЕЧЕН ЃАВОЛ (HANDSOME DEVIL)
Сценарио и Режија/Screenplay and Director: Џон Батлер (John Butler)
Улоги/cast: Фион О’Ши (Fionn O’Shea), Ардал О’Ханлон (Ardal O’Hanlon), Eјми Хаберман (Amy Huberman)
Синопсис/Synopsis
Нед и Конор се принудени да делат спална соба во нивниот интернат. Осамениот и спортистот-ѕвезда во ова лудо рагби-училиште формираат несимпатично пријателство се’ до моментот додека не го проверат властите.
Фестивали и награди/Festivals and awards
– Dublin International Film Festival 2017 – Best Irish Film
– Outflix Film Festival 2017 – Audience award
– FilmOut San Diego, US 2017 – Best Narrative Feature, Actor, Cinematography
Биографија/Biography
Џон Батлер (1972) е ирски филмски режисер, сценарист и романсиер, номиниран за награда. Неговата работа го вклучува и телевизиското хумористично шоу „Твоето лошо јас“, како и филмовите „Џорџ“, „Вселенско три“, „Еленот“ и „Привлечен ѓавол“.