Настани
Концерт за паметење на Андре Риу во Скопје
Светската ѕвезда Андре Риу, познат како „современиот крал на валцерот“ вчера одржа концерт во ВИП Арената „Борис Трајковски“. Тој во Македонија дојде со својот оркестар „Јохан Штраус“, најголемиот приватен оркестар на светот, кој брои 60 члена.
Легендарниот холандски виолинист и диригент ја поздрави публиката со „Добро вечер“, единствено нешто што Риу го научил на македонски.
Концертот траеше речиси три часа, а Андре беше дочекан и испратен со овации.
Публиката можеше да ужива во вистински спектакл, со раскошните костими на оркестарот, видеобимови, светлосни ефекти и вештачки снег за тематските музички изведби.
Риу ја испочитува македонската публика дури два пати и ја крена на нозе со изведбата на „Македонско девојче“.
Концертот беше во организација на „Пасворд Продукција“.