КОНЦЕРТНО ЛЕТО: Цеца најави дури два настапи во Македонија ова лето
Традиционално, не може да помине лето без концертите на Цеца во Македонија. Таа на својот фејсбук профил и официјално ги потврди датумите и локациите каде што ќе настапува во нашата земја.
Имено, Светлана Цеца Ражнатовиќ најави два концерта во Македонија, односно таа летово ќе пее во Охрид и Пробиштип.
Балканската дива ќе ја гледаме во Охрид на 14 август и во Пробиштип на 21 август, за време на Денот на рударите.
-Се радувам на дружењето, напиша Ражнатовиќ.