Настани
Концертот на „Парни Ваљак“ во Скопје се преместува на 30 ноември!
Концертот на хрватската рок-група „Парни ваљак“ во Скопје, кој требаше да се одржи на 18 мај, е одложен за 30 ноември.
– Ве информираме дека, поради одредени реновации кои салата СЦ Јане Сандански ќе ги преземе започнувајќи од 10-ти мај, не е загарантирано дека салата ќе биде во состојба за одржување на концертот на Парни Ваљак, првично закажан на 18-ти мај. Од таа причина, заедно со менаџментот на бендот и менаџментот на СЦ Јане Сандански, се одлучивме концертот на Парни Ваљак да го презакажеме за 30-ти ноември, објави организаторот „Авалон продукција“.
Сите оние кои имаат набавено влезници за 18-ти мај, ќе можат истите да ги искористат за концертот на 30-ти ноември.
Оние кои имаат купено влезници онлајн и не се во можност да присуствуваат на новиот датум, можат да испратат барање за рефундација на влезниците на [email protected]., додека оние кои имаат купено влезници од некое од продажните места, потребно е да се обратат во истите за рефундација на средствата.