Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Легендарните хитови на Битлси ќе воскреснат во оригинална изведба на Националниот џез оркестар

Настани

Легендарните хитови на Битлси ќе воскреснат во оригинална изведба на Националниот џез оркестар

Националниот џез оркестар вечерва (1 октомври) на Летната сцена „Славиша Кајевски“ ќе настапи со концерт со хитови на Битлси, а веќе на 8 октомври на сцената на МНТ, ќе одржи концерт со студентите од Факултетот за музичка уметност во Скопје и Џез академијата во Штип.

„Вонвременските хитови на легендарните Битлси, ќе прозвучат на сосема нов начин на концертот на Националниот џез оркестар,нашите џезери ветуваат оригинална интерпретација и незаборавна вечер со композиции на ливерпулската четворка која ја смени рокенрол музичката историја“, велат од оркестарот.

Како солисти на концертот ќе ги слушнеме нашите истакнати музичари: Кирил Кузманов, Славко Георгиев, Трајче Велков, Виктор Филиповски, Сашко Николовски и Гордан Спасовски под диригенство на маестро Џијан Емин.

Една недела подоцна, поточно на 8 октомври Националниот Џез оркестар со задоволство најавува и специјален концерт, со почеток во 20:00 часот, во Македонскиот народен театар (МНТ) во Скопје, кој ќе ги спои искуството на професионалните музичари и талентот на студентите од Факултетот за музичка уметност во Скопје и Џез академијата во Штип.

„Концертот ќе понуди динамична програма, исполнета со разнородни џез композиции и иновативни аранжмани. Ова вечер ќе биде одлична можност, јавноста да ужива во креативноста и свежината на новите таленти, како и да ги поддржи во нивниот музички развој“, велат од Националниот џез оркестар.

Инаку во Македонскиот народен театар изминатата недела се случи отворањето на летната сцена „Славиша Кајевски“, која ги сплоти публиката, актерите, режисерите, музичарите и сите уметници, на едно убаво место – плато/ летната тераса покрај течението на реката Вардар. Доколку временските услови не се пријатни за концерт на отворено, вечерашниот настап на Националниот џез оркестар, може да се одржи на затворена сцена во МНТ.

 

Повеќе од Настани

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.