Лени Кравиц се сликаше и гушкаше со скопјани (ВИДЕО)
Лени Кравиц уште еднаш ја покажа својата човечка димензија, овој пат на скопските улици, сликајќи се и гушкајќи се со случајните минувачи.
Во видеото објавено на неговиот официјален фејсбук и инстаграм профил, тој вметнал инсерти од неговата прошетка низ старата скопска чаршија и плоштадот Македонија, поздравувајќи се со своите помлади и постари фанови, но и пеејќи со дечиња на Камениот мост.
Лени Кравиц пристигна во Скопје вчера, а неговиот концерт е закажан за утре, трети мај, во ВИП арената „Борис Трајковски“.
Тој на социјалните мрежи напиша: „Скопје, Македонија. Старата чаршија. Најубавиот ден во кој запознав прекрасни луѓе.“
Погледнете го видеото: