Настани
Лозано и Некст Тајм имаат најпродаван концерт ова лето во Охрид!
На 30-ти јули во „Антички театар“ во Охрид, спектакуларен концерт ќе одржат моментално најголемите музички имиња од нашата земја, милениците на публиката – Лозано и Некст Тајм.
Лозано и Некст Тајм ќе одржат тричасовен концерт на кој ќе ги пеат своите најголеми хитови, а исто така се планира и изненадување за сите присутни.
Тие ќе настапат со своите бендови, а во Охрид пристигнуваат еден ден порано со цел да се направат последните подготовки пред големиот концерт.
Организаторите на концертот велат дека интересот е огромен и дека летово и покрај тоа што во Охрид има многу музички настани, овој концерт е еден од најпродаваните.
-Мислам дека ова е еденствен голем концерт на македонски изведувачи ова лето во Охрид, а тоа ни беше доволно мотивација да покажеме и докажеме дека и ние имаме музички имиња кои можат да парираат на сите регионални ѕвезди кои доаѓаат кај нас нас – накусо ни изјавија организаторите.
Инаку и Лозано и Некст Тајм оваа година настапуваат речиси насекаде низ земјата, а наскоро тие ќе ги објават и деталите за нивните турнеи преку океанот.
Влезници за концертот на 30-ти јули на „Антички театар“ може да купите преку продажната мрежа на „www.kupikartizase.com“, како и на плоштадот во Охрид.