Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Млади од студијата „Break a leg“, „Eat the beat“ и „Aqua dance club“ покажаа дека изворот на радоста е во танцот

Настани

Млади од студијата „Break a leg“, „Eat the beat“ и „Aqua dance club“ покажаа дека изворот на радоста е во танцот

Постојат историски докази дека луѓето танцувале уште пред 15.000 години. Ако се земе во предвид дека во музиката и танцот се наоѓа вистинскиот извор на среќа не е тешко да се воочи зошто тој е во сржта на човечкиот дух со милениуми.

50-на млади од студијата „Break a leg“, „Eat the beat“ и „Aqua dance club“ покажаа дека не секогаш треба да има причина за танц и дека тоа може да се прави од искрена радост. Тие само со еден звучник го исполнија Сити мол со позитивна енергија. Случајните минувачи пуштаа песна по сопствен избор и младите танцуваа на истата. Оваа нивна герила акција е во склоп на нивната кампања за зголемување на интересот и значењето на танцот, посебно кај младите. Тие со секое свое делување сакаат директно да им покажат на луѓето дека од танцувањето имаат големи физички, социјални и здравствени придобивки, но и дека со танцот откриваат нови јазици за меѓусебно разбирање и дружење.

Оваа герила акција беше реализирана од организаторите на меѓународниот танц натпревар „Dance off“ кој ќе се одржи во Скопје на 15, 16 и 17 ноември во А1 Арена СЦ „Борис Трајковски“. Картите за натпреварот од денес се во пред-продажба и може да се најдат во студијата „Break a leg“ на ул. Венјамин Мачуковски бр. 1А и „Eat the beat“ на ул. Бел Камен бр. 9, двете во Скопје. Повеќе инфо може да се најде на: https://www.facebook.com/danceoff.macedonia/

Во 2018 „Dance off“ имаше над 4.500 учесници од Норвешка, Данска, Русија, Германија, Полска, Чешка, Македонија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Словенија, Романија, Хрватска, Словачка, Италија, Австрија, Србија, Естонија, Грција, Унгарија, Бугарија, Молдавија и Турција.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Настани

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.