Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Mладите џезерски надежи и искусните колеги конечно на иста сцена

Настани

Mладите џезерски надежи и искусните колеги конечно на иста сцена

Динамичен спој на искуството на професионалните музичари од Националниот Џез оркестар и новите музички надежи од Факултетот за музичка уметност во Скопје и Џез академијата во Штип, ќе понудат оригинален концертен настап на сцената на Македонскиот народен театар во Скопје, на 8 октомври (вторник) со почеток во 20 часот.

Овој несекојдневен концертен концепт ќе понуди иновантни аранжмани со разнородни џез композиции, во кој младите џез таленти ќе имаат можност да го покажат најдоброто, рамо до рамо со професионалните џез музичари.

„Водејќи се од идејата дека имаме плодна почва за создавање на нова генерација расни џез музичари кои ќе го продолжат континуитетот на врвна професионалност на Националниот џез оркестар, сакаме да им дадеме можност на младите колеги конечно да застанат на голема сцена заедно со нас.“, велат од НЏО.

Адреналинот на младите таленти ќе даде посебна возбудлива нишка на овој концерт, кој воедно е најава и за идни, слични настапи. Оваа млада генерација на џез уметници ќе генерира нова млада публика, и ќе продолжи да ја негува џез културата која има блескава традиција во нашата држава.

„Ова е ретка можност и скапоцено искуство за нас младите џез музичари. Ќе го дадеме најдоброто од себе“, велат младите музичари кои со денови се подготвуваат за концертот во МНТ.

По потпишувањето на Меморандум за соработка на НЏО со Факултетот за музичка уметност од Скопје, со деканката м-р Дарија Андоновска на 5 март годинава, на 2 октомври и Деканот на Музичката академија на Универзитетот “Гоце Делчев” – Штип, проф. м-р Златка Митева, потпиша Меморандум за соработка со директорот на НУ Национален оркестар за џез музика, м-р Гоце Стевковски.

Оваа соработка ќе придонесе за размена на искуства, човечки, уметнички и просторни капацитети, и ќе даде голем придонес за развојот на џез сцената.

Повеќе од Настани

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.