Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Мултимедијална промоција на романот „Не ѝ верувај на баба ти“ од Натали Спасова

Настани

Мултимедијална промоција на романот „Не ѝ верувај на баба ти“ од Натали Спасова

Во понеделник, 27 јануари, со почеток во 20:00 часот, во кафе-книжарницата Буква ќе се одржи мултимедијална промоција на новиот роман на познатата авторка Натали Спасова, насловен „Не ѝ верувај на баба ти“.

Ова е четврто книжевно дело на Спасова, по успешните романи „Прва љубов во розевата улица“, „Запалка“ и „Двете принцези“, кои веќе се преведени на украински, српски, бугарски и англиски јазик. Натали е исто така позната и како драматург, со театарски дела како The Visitor, Dreamcatcher, The Last Slav on Earth и Два пати Мери, чија последна изведба е инспирирана од поглавје од нејзиниот нов роман.

Маркетинг

Содржина на романот

„Не ѝ верувај на баба ти“ ја раскажува приказната за Анастасија, тинејџерка која исчезнува на пат кон училиште. Но, ова не е само приказна за нејзиното исчезнување. Романот ги следи животите на девет обични луѓе, кои никогаш не ја сретнале Анастасија, но се дел од поширокото општество. Според Спасова, книгата отвора прашања за моралните судови на едно општество кое лесно осудува, премолчува, и затвора очи пред болките на другите.

„Оваа книга не е за Анастасија, ниту за тие девет луѓе. Ова е книга за нас – за општеството кое гласно осудува различни, но премолчува кога треба да ги види своите грешки.“ – изјавува авторката.

Програмата на промоцијата

На промоцијата, посетителите ќе имаат можност да уживаат во хибридна верзија на претставата „Два пати Мери“, која е работена според едно од поглавјата од романот. Претставата ќе биде прикажана преку видео-запис и драмско читање.

Како до книгата?

Романот е финансиран од Министерството за култура, а како уредник и издавач се јавува самата авторка. Книгата може да се набави преку веб-страницата на Здружението за промоција на уметноста, културата и театарот СКОРО ТЕАТАР Скопје (skoro.mk).

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Настани

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.