Настани
На 17-ти март, во ресторан „Дион“ во Скопје: Концертна журка со „Амадеус бенд“
Најпопуларниот музички состав „Амадеус бенд“ кој повеќе од 20 години ниже хитови и прави спектукаларни концерти и настапи во целиот регион, на 17-ти март, четврток, со почеток во 20.00 часот во скопскиот ресторан „Дион“ ќе одржи уште еден незаборавен настап во живо.
Спектакуларна журка на која Џаја и екипата ќе ги изведат своите најголеми хитови и концертно ќе ја промовираат новата песна „Београд“ на која за последен пат свири нивниот трагично починат член, тапанарот Бојан Златановиќ – Токан, кој пред две години го загуби животот од короната.
Настапот на „Амадеус бенд“ е настан на кој кога еднаш се присуствува, постојано се раскажува, а нивниот следен – не се пропушта.
Бројот на места е ограничен, затоа не пропуштајте да резервирате на: 072/ 222 – 445
Настанот ќе биде организиран според сите важечки протоколи за Ковид 19.