Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

На 27-ми септември во „Македонската филхармонија“: Легендарните „Дивље Јагоде“ со електрично-акустичен концерт во Скопје

Настани

На 27-ми септември во „Македонската филхармонија“: Легендарните „Дивље Јагоде“ со електрично-акустичен концерт во Скопје

Легендарната рок група „Дивље Јагоде“, доаѓа на концерт во Скопје. Концертот е закажан за 27-ми септември 2024 година во „Македонската филхармонија“, со почеток во 21.00 часот.

Едни од предводниците рокен ролот најавуваат незаборавен концертен настан за сладокусците на рок музиката, но и за сите останати почитувачи на добрата свирка. Зеле и екипата ќе ги отсвират и испеат нивните најголеми хитови од почетоците на бендот, па се’ до оние од неодамна излезениот, најнов, 13-ти по ред студиски албум „Прати моје старе трагове“.

Публиката на единствениот концерт кој нема да има реприза ќе има можност да ужива и заедно да ги пее познатите песни како: „Дивље јагоде“, „Стаклени хотел“, „Мотори“, „Чаробњаци“, „Ватра“, „Шејла“, „Коњи“, „Марија“… но и безвременските балади како: „Једина моја“, „Криво је море“, „Паткица“, „Бит ќе боље“… Целото концертно шоу е замислено како елегантен спој на рок ен рол свирка и акустичен „анплагд“ блок, кои бендот ќе ги фузира во еден единствен целовечерен концепт. Богатство од моќни и енергични рифови, нежни и певливи мелодии и квалитетни стихови… Енергија и емоции за сите сетила!

Организатор на овој единствен концертен настан е продукцијата „Сцена“, која најувава и дружење на членовите на „Дивље јагоде“ со претставниците на медиумите на денот на концертот, на 27-ми септември во 11.00 часот во градската кафеана „Пелистер“, лоцирана на самиот плоштад „Македонија“ во Скопје.

Билети кои се веќе во продажба можат да се набават во мрежата на МкТикетс и на линкот: https://mktickets.mk/event/koncert-na-divlje-jagode-vo-skopje/ .

Повеќе од Настани

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.