Наум: Време е за убава дружба и квалитетна музика
Се вели најдобрите секогаш одат во пар, а дека е навистина така ќе се увериме уште еднаш оваа сабота (3 октомври) кога најдобриот машки вокал на домашната фолк сцена, после подолга и вонредна пауза, ќе запее на сцената во добро познатиот рибен ресторан „Фиш“ (покрај Вардар).
– Се радувам што конечно ќе се дружам со мојата публика. Ми недостасуваше и мојата публика, но и микрофонот. Подготвен сум како и секогаш за незаборавна дружба, а особено се радувам што мојот прв настап ќе биде токму во рибен ресторан бидејќи и самиот сум страстен риболовец, вели Наум, кој за оваа вечер подготвува, како што вели, убав и боемски репертоар.
Вели, ќе пее, пред сè, убава македонска музика, а, секако, вечерта нема да помине без неговите најубави песни. Особено се радува што во ова време-невреме, кога заборавивме на убавите дружби, од рибниот ресторан стартуваат со видоизменет концепт на работа и викендите им ги посветуваат на домашните изведувачи и на убавата македонска песна.
– Ме радува фактот што во овие тешки времиња сепак има и една позитивна работа, односно тоа што угостителите ни ја даваат сета доверба и почнуваат да ни посветуваат повеќе внимание нам, но и на убавата македонска песна, додава Наум.
Од тимот на „Фиш“, пак, ветуваат одлична забава, но според сите здравствени препораки и со почитување на пропишаните протоколи.