Настани
Неле Карајлиќ, „ЈУ група“ и „Ван Гог“ во Скопје на „Турбо рок фестивал“
На 14 декември во салата „Јане Сандански“ во Скопје ќе се одржи Турбо рок фестивал, објави организаторот Авалон Продукција. На иста сцена ќе настапат Неле Карајлиќ, „Ју група“ и „Ван Гог“.
– Во месецот во кој во Скопје и Македонија ќе има рекорден број на турбо концерти, во еден друг правец, на глава на жител, ние решивме да направиме еден различен тип на настан кој, сепак ќе биде турбо, но во овој случај, турбо – рок! Една вечер и три имиња кои се избрани да бидат компатибилни и комплементарни во секој поглед, кои сепак ќе свират по 90 минутни, целовечерни концерти, на 14 декември во СЦ Јане Сандански, со почеток точно во 20 часот, велат од Авалон.
Лидерот на Новиот примитивизам и фронтменот на ,,Забрањено пушење” и ,,Топ листа надреалиста” – НЕЛЕ КАРАЈЛИЌ во живо со својот бенд, ,,40 година откако је црк’о Маршал”, ќе го изведува најдоброто од ,,Забрањено пушење”, како и нов материјал кој македонската публика досега го нема слушнато во живо!
Ван Гог, моментално еден од најголемите и најквалитетни live бендови на регионалната музичка сцена се враќа во Скопје во голема сала после цели 5 години, со сите хитови кои ја одбележаа нивната 4 децениска кариера.
И за крај, после повеќе од 50 години, големиот бенд и бренд Ју група конечно со свој концерт во Скопје! ,,Морнар”, која е сигурнo во топ 10 екс-ју хитови, ,,Чудна шума”, ,,Под златна јабука”, ,,Дунавом шибају ветрови”, ,,Нешто си ми уморна и бледа”, ,,Одлазим”, ,,Опасно, опасно те волим”, ,,Црни лептир” се дел од 90 минутниот реперотар на класиците на Ју група кои ќе бидат свирени на 14 декември во СЦ Јане Сандански!
Влезниците ќе бидат во продажба од среда (6 ноември) вo 9 часот наутро онлајн на ticketx.mk и во продажната мрежа на ticketx во Македонија по следните цени и категории:
Партер – 700 денари
Фан пит – 1.000 денари
Трибина – 1.000 денари