Номинирајте го и гласајте за Мажот на годината за 2021 во избор на социјални медиуми
Наградата за “Маж на годината според социјални медиуми” е наградата која што ја доделува македонската јавност. Со оглед на тоа дека нашата јавност знае да биде навистина многу критична и реална, сето она кое што го правиме да биде препознаено од истата е навистина мотив за секој од нас да цели кон поголем успех.
Како и секоја година така и оваа, официјално започнува гласањето за наградата “Маж на годината според социјални медиуми” за 2021 година. Од листата на веќе номинираните, вие ќе одлучите кој според вас годинава е најзаслужен за оваа награда.
Номинациите започнуваат денеска и ќе траат до 16.11.2021 до 24 часот, а гласањето ќе биде од среда, 17.11.2021 до 18.11.2021 до 22 часот кога ќе се затвори гласањето.
Победник во оваа категорија ќе биде оној кој ќе добие најмногу гласови односно лајкови од вас на фотографијата објавена за него.
За заедно да го избереме оној кој сметате дека ја заслужил оваа награда, бидете и вие дел во изборот за Маж на годината според социјални медиуми со тоа што ќе споделувате и гласате на линкот на нашата официјална Фејсбук страна.
Изборот за Маж на годината за 2021 година вклучува 13 добитници во 13 категории, и традиционално ќе се одржи по четврти пат на 24 Ноември почнувајќи од 20 часот, во хотел Double Tree by Hilton Skopje.