Настани
ИЛЈАДНИЦИ СВЕЌИ НА СЦЕНАТА: „Candlelight“ концерт со Профундис и Петар Пејчиќ во Скопје (ФОТО)
По големата популарност на премиерниот концерт минатата година, светскиот „Candlelight“ спектакл повторно ќе ја донесе магијата на класичната музика во Македонија. Овојпат, на 22 март во 20 часот, камерниот оркестар „Профундис“, под диригентската палка на маестра Ѓурѓица Дашиќ, ќе ја изведе уникатната концертна програма „Timeless“ во големата сала на Македонската филхармонија.
Нова светска ѕвезда на сцената
На сцената ќе настапи Петар Пејчиќ, еден од најталентираните виолончелисти на својата генерација. Со својата виртуозност и харизма, Пејчиќ ја привлекува светската јавност, а неговата техника и сценски изглед го прават вистински феномен на светската музичка сцена.