Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Објавени детали за Евровизија 2025 во Базел

Настани

Објавени детали за Евровизија 2025 во Базел

Швајцарскиот радиодифузер SRG SSR ги објави деталите за Изборот за песна на Евровизија 2025 година во Базел. Тие најавија дека големото финале ќе може да се следи на фудбалскиот стадион во Базел, „Св. Јакоб-Парк“, ги објавија цените на билетите, слоганот и логото на Евровизија и изгледот на бината.

Швајцарската платформа за билети TicketCorner е официјален партнер за издавање билети за Евросонг 2025. Потребна е регистрација за купување билети за натпреварот во Базел. Овој процес ќе спречи препродажба на билетите и ќе обезбеди што повеќе фанови на Евросонг да добијат можност да ги следат емисиите во живо.

Претпријавувањето е веќе започнато и завршува на полноќ на 10 јануари 2025 година. Официјалната продажба на билетите започнува на 29 јануари 2025 година, ден по полуфиналната ждрепка. Цените за различните настани и категории ќе се движат од 40 CHF (42 евра) до 350 CHF (372 евра).

Визуелниот и аудио идентитет за 69-тото издание на Изборот за песна на Евровизија го разви уметничкиот директор Артур Дејнев. Неговата цел беше да создаде дизајн кој ќе ги натера луѓето да се чувствуваат слушнати и ценети. Инспириран од швајцарската традиција на директна демократија, која се врти околу слушање и дијалог, Дејнев го избра „слушањето“ како централна тема на целиот концепт.

„Ако се слушаме, ќе најдеме љубов“, рече Дејнев. Оваа порака ќе биде пренесена и визуелно преку симболот на срцето на Евровизија, кој претставува дијалог, единство и обединувачка моќ на музиката.

„Единството ја обликува љубовта“, е темата на Изборот за песна на Евровизија во Швајцарија.

Дизајнот на сцената е инспириран од швајцарските планини и различноста. Флоријан Видер, сценограф со швајцарски корени, по осми пат го надгледува дизајнот на евровизиската сцена. За овогодинешниот настан во арената „Св. Јакобшале“ во Базел, Флоријан открива дека бил инспирирал од швајцарските планини и јазичната разновидност на земјата.

Евросонг 2025 ќе се одржи од 13 до 17 мај, а ќе има и специјално гледање на финалето. Легендарниот фудбалски стадион во Базел „Св. Јакоб-Парк“ (локално познат како Џогели) ќе биде домаќин на големото заедничко јавно гледање. Покрај прикажувањето на големото финале, најавуваат и обемна забавна програма, чии детали ќе бидат соопштени подоцна.

Повеќе од Настани

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.