Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Од 8-ми октомври започнува официјалната програма на КИНЕНОВА на Телевизија 24

Настани

Од 8-ми октомври започнува официјалната програма на КИНЕНОВА на Телевизија 24

На 8-ми октомври започнува да се емитува официјалната програма на Меѓународниот фестивал „КИНЕНОВА“ на телевизија 24 под покровителство на VIVAX.

Големото отворање на фестивалот ќе започне со Бранка Катиќ и нејзиното специјално интервју по повод фестивалот. Бранка Катиќ оваа година е ѕвезда на КИНЕНОВА. Таа ја доби престижната награда на фестивалот за особен придонес во филмската уметност, а минатата недела на прес конференцијата на КИНЕНОВА се вклучи во живо од својот дом во Белград за да ги поздрави организаторите и да им се заблагодари за особената чест и за првата награда воопшто од Македонија. 

Веќе од почетокот на октомври се емитува ретро програмата на Меѓународниот филмски фестивал КИНЕНОВА за оваа 2020 година. Ова петто издание се разликува со тоа што цел октомври на програмата на Телевизија 24 љубителите на филм ќе бидат во можност да го следат секој филм на фестивалот од своите домови.

Оваа година КИНЕНОВА ја има најобемната и најквалитетна програма до сега со филмови кои што се поместени во 11 програмски целини и тоа: Главна натпреварувачка селекција-Меѓународна конкуренција, Киненова ретроспектива, Посветено на Фернандо Труеба, Посветено на Билјана Гарванлиева, Фокус на Австрија, Награда Лукс на Европскиот парламент, Киненова независни, Киненова специјал, Вон конкуренција, Меѓународна конкуренција на куси филмови, Македонски куси“, изјави директорот Јовановиќ. 

Фокусот е ставен на дебитантските режисери и европските филмови, особено на шпанската кинематографија. Во три филмови кои што ќе се емитуваат се појавува светски познатата актерка Пенелопе Круз. 

Распоредот на филмовите и целокупната програма можете да ја проследите на следниот линк: http://kinenova.com/wp-content/uploads/2020/10/Film-Schedule_KINENOVA-2020.pdf

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Настани

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.