Настани
Од објективни технички причини „Турбо рок фестивал“ се презакажува за пролет 2025
Во салата „Јане Сандански“ на 14 декември требаше да се одржи „Турбо рок фестивал“ каде на иста сцена ќе настапат Неле Карајлиќ, „Ју група“ и „Ван Гог“, но организаторот објави дека настанот се презакажува.
– Ве информираме дека од технички причини, ТУРБО РОК фестивалот со Неле Карајлиќ, Ван Гог и Ју Група, првично закажан на 14 декември во СЦ Јане Сандански се презакажува за на пролет, 2025та година, велат од „Авалон продукција“.
Организаторот исто така посочи дека сите влезници купени онлајн на ticketx.mk ќе бидат автоматски рефундирани од страна на ticketx.mk на истите трансакциски сметки од кои се купени, додека за сите влезници купени во некое од продажните места на ticketx.mk, потребно е да се обратите на истите за рефундација.
За додатни информации околу рефундацијата, можете да се обратите на следата адреса: [email protected]
Новиот датум за фестивалот ќе биде објавен накоро.