Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

„Охрид фест – Охридски трубадури“ со Фолк и Интернационална вечер на 10 и 11 септември

Настани

„Охрид фест – Охридски трубадури“ со Фолк и Интернационална вечер на 10 и 11 септември

„Охрид фест – Охридски трубадури“ со Фолк и Интернационална вечер на 10 и 11 септември

Подготовките за претстојниот „Охрид фест – Охридски трубадури 2021“ се во полн ек, а стартот е закажан за 10 септември. Како што е познато, сидрото е во Охрид, на најубавата сцена на Балканот, на Долни Сарај, откаде ќе одекнат песни што долго ќе се паметат.

Годинава фестивалот е конципиран во две вечери, во Фолк и Интернационална, кои ќе се случуваат на 10 и 11 септември, со што продолжува музичката традиција долга 28 години.

– Минатата година, и покрај неизвесноста со пандемијата, го одржавме фестивалот, на што сме особено горди. Продолжуваме каде што застанавме, очекуваме квалитетни песни кои ја следат трубадурската традиција, но и многу добри поп- композиции и атрактивни гости на Интернационалната вечер – вели првиот човек на „Охрид фест – Охридски трубадури“, Григор Копров.

На Фолк вечерта ќе настапат: Благица Павловска, дуетот Баже Груевски и Сани, Ирена Спасовска, Барбара, „Скопски боеми“, Петар Нечовски, „Соната“, Нино Величковски, Петар Христов, групата „Лихнида“ и многу други.

Ќе ги видиме и: „Нокаут“, Ристо Самарџиев, Александар Јосифовски, Димитар Андоновски, Филип Јордановски…, а организаторите најавуваат многу музички изненадувања на Интернационалната вечер.

Годинава „Охрид  фест“ посебен акцент и внимание им посветува на новите музички сили, на дебитантите што ќе ја започнат својата музичка кариера токму од Охрид.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Настани

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.