„Оскарите“ повторно ќе имаат водител
94-тото доделување на Оскарите, кое треба да се емитува на 27 март на ABC, ќе биде првото по 90-то, во 2018 година, кое ќе има водител.
Претходно во понеделникот беше објавено дека Глен Вајс ќе го режира телевизискиот пренос на Оскарите – негов седми последователен пат – со Вил Пакер како продуцент.
Џими Кимел, водителот на шоу на ABC, беше домаќин на Оскарите во 2017 и 2018 година, при што 26,62 милиони луѓе се вклучија за последното телевизиско емитување. Кевин Харт ја одби понудата да биде домаќин во 2019, откако на Твитер се појавија негови постари објави кои беа претставени како хомофобични. Академијата не успеа да најде замена за Харт, па и наредните изданија на доделувањето немаа водител. Во 2019 година Оскарите забележаа пораст на гледачите, од 26,6 милиони на 29,5 милиони, но следните години забележаа конзистентен пад, а церемонијата во 2021 година го допре историскиот минимум од 10,4 милиони гледачи во живо.
За време на неодамнешното интервју за „Hollywood Reporter“, Том Холанд ѕвездата на Спајдермен, најголемиот блокбастер за време на пандемијата, изрази интерес да биде домаќин на Оскарите, а магазинот дознал дека Академијата навистина го контактирала за да ја разгледаат таа опција.
Номинациите за Оскар ќе бидат објавени на 8 февруари.