Овогодинешните награди „Златен глобус“ ќе бидат без црвен тепих и директен пренос
Ќе отсуствува публиката, но и номинираните. Во просторијата за време на прогласувањето на победникот во секоја категорија ќе има само „избрани“, кои за да стигнат таму мора да бидат вакцинирани со трета доза.
Доделувањето на престижните награди „Златен глобус“, што ќе се одржи оваа недела на 9 јануари во Лос Анџелес, ќе биде многу поскромно од изминатите неколку години. Пандемските мерки, но и наводната корупција предизвикаа бројни последици поради кои овој настан ќе се одвива во малку поинаков стил.
Освен наградите, црвениот тепих и креациите во кои ѕвездите ќе прошетаат пред камерите отсекогаш биле најважниот дел од настанот. Секундите нестрпливо се одбројуваа до преносот во живо, ѕвездите се подготвуваа, а јавноста исчекуваше. Но, оваа година ќе го нема сиот тој гламур и нетрпеливост, бидејќи нема да има црвен тепих и пренос во живо.
Имено, наградите годинава нема да се емитуваат на Ен-Би-Си затоа што се замерува на холивудската асоцијација на новинари, која ја го организира доделувањето, на неразличноста и неспроведувањето на реформите, како и на наводната корупција. И многу актери и актерки го кренаа својот глас против нив, како и филмските студија и стриминг сервисите.
Токму поради ова и пандемските мерки ќе отсуствува публиката, но и номинираните. Во просторијата за време на прогласување на победниците во секоја категорија ќе има само „избрани“, кои за да стигнат таму мора да се вакцинираат со бустер доза, но и да имаат негативен ПЦР тест најдоцна 48 часа пред настанот. Нема да изостанат и заштитните маски, како и социјалното дистанцирање, кое ќе биде задолжително.
Погледнете ја листата на номинирани тука.