По 15.000 луѓе на Егзитовиот фестивал во Бугарија, пристигнува Sea Dance во Црна Гора
По 15.000 луѓе на Егзитовиот фестивал во Бугарија, пристигнуваат нови имиња за „Си Денс“ во Црна Гора Сурил, Фокс, Сајси Емси и најбараните рапери од регионот!
По успешното лансирање на „Санленд“ фестивалот во Бугарија на кој настапи и македонскиот бенд „Суперхикс“, а кој го посетија повеќе од 15.000 луѓе, низ Егзитовите два фестивала ова лето поминаа речиси 200.000 посетители, а таа бројка ќе биде дополнително зголемена бидејќи следува големото финале на летната сезона со „Си Денс“ (Sea Dance) на прекрасниот јадрански брег.
Квалитетната програма на најголемиот црногорски фестивал, која ја предводат интернационалните музички ѕвезди штотуку ја засили моќната „Генг“ екипа на најслушаните изведувачи од овие простори, па така на главната фестивалска бина пристигнуваат водечкото име на трап сцената Сурил (Surreal), регионалниот трап-гуру Фокс (Fox), српската раперка Сајси Емси (Sajsi MC), Клинац, Огњен, Муха и „О.Џи фичеринг Дисторшн“ (O.G. feat Distortion).
Тие заедно со веќе објавените изведувачи – суперѕвездата на новата генерација Борис Брејча, еден од најголемите електронски уметници на денешницата Масео Плекс, водечкиот тандем на современата електронска сцена, велемајсторите „Тејл ов Ас“, планетарните хитмејкери Медуза, мултиталентираниот уметник Сатори, рок легендите Бајага и Инструктори, трап кралицата Сенида, маестралниот рапер Војко В, осиечкиот трапер З++ и домаќините – хип хоп тандемот Ху Си ќе настапат на седмото издание на „Си Денс“ фестивалот, кој оваа година ќе трае четири дена, од 26 до 29 август на тиркизната бескрајна будванска плажа Буљарица.