Настани
„Раката на Господ“ на 19 август го отвора 43. ИФФК „Браќа Манаки“
43. издание на ИФФК „Браќа Манаки“ на 19 август го отвора филмот „Раката на Господ“ на Паоло Сорентино, беше соопштено на денешната прес конференција.
-Годинава, на ИФФК „Манаки“ ќе имаме неверојатни филмски остварувања од најголемите светски фестивали. Имаме гости и кои сами се пријавуваат да присуствуваат на фестивалот. Прашуваа дали може да дојдат во Битола. Имаме врвни ѕвзди како наши лауреати, имаме многу журки, забави и коктели. Мака на овој фестивал секогаш беше дали ќе имаме доволно пари за да го изреализираме, па сега можам да кажам дека годинава за прв пат со ребалансот се обезбедени доволно пари. Оваа година ќе имаме гости студенти од најдобрите академии во Европа.
Годинава ќе го имаме Ентони Дод Ментел, директорот на фотографијз и кинематографер како што биле браќата Манаки. Соработувал со одлични режисери, номиниран за Оскар, и тој е првиот кој добил Оскар зашто снимил филм со дигитална камера. Тоа е нашиот лауреат за животно дело. Чекаме да ни потврди и кинематограферот на „Гладијатор“, на „Икс мен“, Џон Метисон. Годинава имаме диџеј од Берлин, по три журки ќе има во Битола секоја вечер. На три локации ќе се одвива фестивалот, во Домот на култура, таму имаме најмногу седишта, втората локација е киното Манаки, каде што ќе се одвива документарната и студентската програма, како и Офицерскиот дом, на летната тераса која ќе биде отворена за Мак корнер програмата. Секоја вечер ќе има филмови, рече директорот на фестивалот Симеон Мони Дамовски.
Во документарната програма ќе има 10 документарни кои се многу интересни.
-Мислевме дека треба да обрнеме внимание на пионерски потфати. Некои од најзначајните начела на кои се базираше изборот, се креативната храброст и посебноста на стилскиот израз и иновативноста во кинематогграфскиот пристап. Филмовите се од актуелно социјални и политички и културни теми, а се поврзани преку специфичниот филмски израз, беше подвлечено на прес конференцијата.
Годинава имаме исклучителни жирија. Имаме врвни имиња, имаме 4 неверојатни имиња. Еден од двајцата наши кинематографери кои го работеа „Ханиленд“. Тука е и Маја Богоевиќ, која е исклучителен филмски критичар, од светско реноме, професоrка на црногорската академија за филм. Овде е и Јелена Станковиќ, од филмот „As far as you go“, како и Мариса Созен, најпозната турска актерка, ѕвезда на филмот „Зимски сон“.
-Важно е да кажам дека фестивалот е поместен еден ден порано од логистички причини, зашто се поклопуваме со затворањето на Охридско лето, а многу ни е битно дел од важните гости, кои не сакаат да го прошуштат Манаки, да бидат во Битола. Имаме мастер класови Дарија Д, Антонио, Ентони Дод Ментал. Очекуваме гости и од Чиле, а најавено е дека ќе дојде Бјелогрлиќ, Срѓан Драгојевиќ, како и многу други ѕвезди и ѕвездички од регионот, подвлече Дамевски.
За селекцијата на студентски филмови говореше Ѓорѓи Пулевски, кој истакна дека има еден македонски филм од ФДУ Скопје, пет балкански филмови од Словенија, Грција, Косово и Хрватска и другите филмови се од остатокот од Европа од реномирани филмски академии во Англија, Виена, Прага, Минхен…
За офф програмата која е локална придружна програма на иницијатива на Општина Битола говореше одговорниот за оваа програма Тоше Ивановски. Тој најави секојдневни изложби на раритети од колекционери кои ја раскажуваат фото и филмската историја на Битола, музички настани во духот на филмската музика, танци и анимации, како и манифестацијата „живи слики“ од архивите на Манаки.
Продолжува програмата „Наследниците на Манаки“ и прв пат годинава ќе биде презентирано семејното наследство на познатиот Фото УНИ, добитник на Оскар за фотографија за најдобар фотографер на САД во 1965 година.
Игор Новоградска и Оливер Јосифовски, Илија Апелгрин и многу други познати музички имиња ќе бидат дел од офф програмата, со изведби и промоции на филмска музика од „Бикини мун“, „Стела“ итн.
Тоше Ивановски, офф фест програмата – Ова е придружна програма на фестивалот Манаки. Зборуваме за една креатива која има намера да го покаже интересот на битолчани, на креативците, кои имаат капацитет актерски и музички да покажат дека Битола има интерес за овој фестивал. Сакаме да покажеме дека Битола е град во кој се роди филмот и дека тоа е чувство кое е дел од колективната меморија. Креиравме автентична програма која има намера да покаже дека Битола го сака фестивалот. Ќе има ретки колекционерски изложби на кои ќе бидат презентирани фотоапарати, камери и документи врзани со филмскиот живот на Битола. Млади таленти преку работнилници ќе се усовршуваат во правењето на филм. Забавната програма ќе се одвива во кафе барови и клубови, се организиравме секоја вечер да има две до три забавни приграми, кои ќе бидат од големо значење.
Слаѓан Пенев, селекторот на долгометражна играна програма кажа дека изборот кој го напавиле годинава е за филмови што вредат, филмови кои се наградувани.
-Имаме 14 годинава на документарната програма. Еден од филмовите е „Триаголник на тагата“, добитник на Златна палма, потоа шпанско-италијанскиот филм „Алкарас“, јапонскиот филм „Вози ја мпјата кола“, „ЕО“, полско-италијанскиот филм, „Божјата рака“ во режија на Паоло Сорентино.
Во рамки на студентската програма ќе има 18 филмови од 17 држави.