Настани
Раскошната балетска претстава „Дамата со камелии“ од Џузепе Верди на 21 февруари во НОБ
На 21 февруари со почеток во 20.00 часот на сцената на Националната опера и балет ќе се изведе раскошната балетска претстава „Дамата со камелии“ работена по музиката на Џузепе Верди, а драматуршката подлошка е земена од неговата популарна „Травијата“.
Диригент е Иван Еминовиќ, кореографијата е на еден од водечките руски кореографи Василиј Медведев, кој работи со големите театри „Бољшој“ од Москва и „Марински“ од Санкт Петербург, а раскошната сценографија и костимографија се на Павол Јураш од Словачка, концерт-мајстор е Климент Тодороски.
Во главните улоги ќе настапат: Марија Кичевска Шокаровска и Франциско Хименес Руиз (Шпанија).
Настапуваат солистите, балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет.