Настани
„Рибља Чорба“ со голем предновогодишен концерт во Скопје
Легендарните „Рибља Чорба“, го најавија својот концерт во Скопје и тоа на 16-ти декември во „Арена Борис Трајковски“.
Во текот на сите овие долги години постоење, одржаа безброј сјајни концерти низ кои поминаа многу генерации, генерации кои и ден денес се верни на нивниот звук. После толку продадени влезници, Бора и пријателите ги носат сите хитови во „Арена Борис Трајковски“.
Ако некому му прилега зборот легенда, тогаш тоа со сигурност е Бора Чорба – човекот кој својата рок филозофија веќе со денеции ја спроведува како свој животен стил. Уште од најрана младост предизвикуваше контрадикторни емоции кај публиката и додека едни ја оспоруваа неговата работа, другите уживаа во неговите песни и музика. Во својот богат живот, Бора имаше многу убави, но и тешки моменти, но при секој пад успеваше да покаже дека ништо не може да го сруши.
И после толку време, гитарите звучат исто, а песните останаа запаметени. Долг е патот позади нив, пат со многу победи и порази, но и покрај се „Рибља Чорба“ успееа да ја зачуваат својата автентичност. Отсекогаш претставуваа единствен спој на енергии, слобода и добра музика од кои произлегоа песни кои се за сечие време.
Една од најзначајните групи на своето време, хрватскиот рок состав ,,Атомско Склониште’’ ќе бидат гости на концертот, а нивната историја претставува најкомплексна и највпечатлива приказна на екс ју просторите.
Влезниците за овој концерт се веќе пуштени во продажба и истите имате можност да ги купите преку продажната мрежа на www.kupikarta.com, Розе Веро 2 и ЈК Травел во Бисер.