Настани
RING – ABBA TRIBUTE спектакл на 15 март во Скопје!
По повеќе од 100 концерти во 12 земји низ Европа и Азија, RING – ABBA TRIBUTE доаѓа во Скопје и тоа на 15 март, во „Македонска опера и балет“.
Ова уникатно трибјут шоу целосно ја доловува магијата на легендарната група ABBA, со оригинални костими, кореографија и енергична изведба што ја носи атмосферата на вистински ABBA концерт. Публиката ќе има можност да ужива во вечните хитови како Waterloo, Chiquitita, Dancing Queen, Mamma Mia, S.O.S и многу други. Секоја песна е изведена со автентичност и емоција, оставајќи впечаток дека времето запрело и дека ABBA повторно е на сцената.