Настани
Се одбележува 50-годишнината од смртта на Пабло Пикасо со низа специјални изложби ширум светот
Годинава ќе биде одбележана 50-годишнината од смртта на прочуениот шпански уметник Пабло Пикасо, а со тоа и многу изложби и манифестации низ светот.
Се очекува да бидат приредени низа специјални изложби под мотото „Пикасо 1973-2023“, во неговата татковина Шпанија, во Франција, Германија, САД и во други земји.
Во нашата земја, годишнината ќе ја одбележи „Остен“ со еднодневна изложба на керамики, цртежи и графики од Пикасо.
Пикасо, кој создаде илјадници слики и скулптури во многу авангардни стилови, е на врвот на најуспешните светски уметници, а вредноста на неговите дела се проценува на стотици милиони долари. Изложбите во чест на неговата плодна работа започнаа веќе лани во септември во Мадрид, а продолжија во Германија, Париз, Брисел и Њујорк.