Седми по ред концерт на млади виолинисти ,,ВИОЛИН ФЕСТ”
На 12.06.2019 со почеток во 20.00 во камерната сала на Филхармонија, ќе се одржи седмиот по ред концерт на млади виолинисти ,,ВИОЛИН ФЕСТ”.
На овој концерт, кој прерасна во еден вид традиција ,своите вештини на инструментот ќе ги прикажат 11 млади виолинисти од Северна Македонија, Србија и Косово, придружувани од пијанистката Марија Вршкова.
Несекојдневениот концерт има за цел да овозможи на младите виолинисти да музицираат надвор од обврските на своите училишта, и да уживаат во она што го постигнале со досегашната работа.
Овој проект е во организација на концерт мајсторот на Филхармонијата, Владимир Костов и е поддржан од Министерството за култура.