Настани
Седумдневен ТЕХНО фестивал во Струга
За ова лето во Струга најавено е првото издание на фестивалот „Only Love FESTIVAL“ кој ќе трае 7 дена и на едно место ќе ги соберете популарните и омилените диџеи за македонската публика.
Абди (Abdy), Алтин Бошњаку (Altin Boshnjaku), Давид Барбера Гуел (David Barbera Guel), Филип Ачковски (Filip Ackowski), Јаме Знаме ( Jame Zname) , Стамени ( Stameni ), Ди Џеј Обиликс ( DJ OBLX ) , Шабаб Кан ( Shabab Khan ) се само дел од најавените артисти кои неколку дена ќе бидат во Струга и се дел од програмата на фестивалот.
„Нашите планови се „Only Love FESTIVAL“ да прерасне во фестивал кој ќе биде препознатлив белег на македонската урбана и прогресивна сцена и градот Струга! Следејќи ги глобалните светски трендови на целосно музичко доживување се потрудивме да понудиме ексклузивна, квалитетна и фестивалска програма“, вели Филип Ачковски од „Techno Agency“, организатори на фестивалот.
Фестивалската програма ќе се одвива од 27 јули до 2 август на неколку локации во Струга. Почетокот на фестивалот на 27 Јули е предвиден за во 17:00 часот на летната сцена при Домот на Културата, а уште една од локациите каде ќе се одржува фестивалот е „Бисер клуб. Ќе има и дневни забави на дел од плажите во Струга кои ќе стартуваат во 12:00 часот, потоа следува вториот дел од програмата од 20:00 до 01:00 часот, а заедничко за сите седум дена фестивал е што ноќните забавите од 01:00 до 06:00 часот, фестивалот ќе се одрќуваат во „Бисер клуб“.