Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Sevdaliza за грандиозно затворање на Skopje Calling 2024!

Настани

Sevdaliza за грандиозно затворање на Skopje Calling 2024!

„Заедно со интернационалната музичка програма Telekom Electronic Beats, за официјално затворање на фестивалот Скопје Колинг и како втор, посебен фестивалски ден имавме голема желба да обезбедиме креативна, независна, авангардна артистка која e пред своето време“, велат организаторите.

Во духот на овогодинешното издание на Скопје Колинг, на кое, се разбира, главната позиција ја има, без никакво претерување легендарната и голема Grace Jones, како артистка позната по поместувањето на граници и креирањето на она кое ние денес го викаме, не само ,,поп култура”, туку и ,,суб култура”, беше повеќе од природно во рамки на официјалното “closing party” на фестивалот да настапи артистка која (како и Grace Jones со нејзиното појавување на сцената) ги поместува културолошките граници на 21 – от век со својата мулидимензионална уметност и навистина креативна и футуристичка визија.

Сиве овие погоре напишани епитети ги има токму SEVDALIZA!

Преку фузијата на електроника, трип – хоп, експериментален поп и алтернативен R&B, SEVDALIZA создава хипнотичка музика чиј главен фокус е индивидуалната и женска моќ.

Моментално актуелна на светските топ листи со синглот ,,Ride or Die Pt. 2”, Sevdaliza оваа сезона има и висока позиција во лајн – апите на многу од најголемите фестивалски сцени во Европа и светот.

Telekom Electronic Beats повеќе од 20 години ja поддржува електронската музичка сцена и интернационалната клубска култура, со што се наметна како централна платформа за иновативни музички настани, какви што впрочем се и самите концерти на Sevdaliza, oд аспект на аудио – визуелно искуство.

Не треба да чуди фактот што изборот оваа година е токму Sevdaliza, во живо со својот бенд, премиерно во Скопје, при настанот TELEKOM ELECTRONIC BEATS presents: А DEEPER UNDERGROUND CLOSING PARTY на SKOPJE CALLING 2024, на 7 јули на Стадион на АРМ!

Влезниците ќе бидат во продажба од среда (29 мај) во 09 часот наутро онлајн на ticketx.mk и во продажната мрежа на ticketx низ Македонија по следните цени и категории:
1.500 денари – партер
2.000 денари – фан пит

Повеќе од Настани

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.