Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

„Шехерезада“ и „Валпургиска ноќ“ во Националната опера и балет

Настани

„Шехерезада“ и „Валпургиска ноќ“ во Националната опера и балет

На 17 и 24 јануари 2025 со почеток во 20.00 часот на сцената на Националната опера и балет ќе се изведат балетските едночинки „Шехерезада“ и „Валпургиска ноќ“.

Еден од бисерите во балетската литература „Шехерезада“ од Н. Р. Корсаков, работен по мотивите на приказните од „Илјада и една ноќ“ ќе се изведе под диригентската палка на Бисера Чадловска, кореографијата е на познатиот балет-мајстор од Москва, Михаил Крапивин, со првична постановка на Михаил Фокин. Сценографијата е на Марија Ветероска, а костимите на Маја Бурсаќ од Србија, концерт-мајстор е  Верица Ламбевска. Балетската приказна ќе ни ја раскажат: Наташа Трендафилова Гицев, Ивана Коцевска, Илијана Данилов, Франциско Хименес Руиз (Шпанија), Балаж Лочеи (Унгарија), Валери Љубенко (Украина).

Во вториот дел ќе се изведе  едночинката „Валпургиска ноќ“ од Шарл Гуно. Диригент е Бисера Чадловска, кореографијата е на  Михаил Лавровски, пренел и режирал, Јуриј Мјачин од Русија, сценографијата е  на Илија Аризанов, а костимографијата на Изабела Поњавиќ, концерт-мајстор е Верица Ламбевска. Настапуваат: Марија Кичевска Шокаровска, Христина Наќевска Митрашиновиќ, Франциско Хименес Руиз (Шпанија), Балаж Лочеи (Унгарија), Валери Љубенко (Украина). Настапуваат првенци, истакнати солисти, солисти, балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет. „Валпургиска ноќ“ е всушност балетскиот дел од операта „Фауст“ на Шарл Гуно, и е првата премиера на Балетот на тогашниот Македонски народен театар (МНТ), која се извела на 27 јануари 1949 во кореографија на Ѓорѓи Македонски.

Повеќе од Настани

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.