Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Skopje Sounds Good и Skopje Calling на 29 и 30 октомври во МКЦ

Настани

Skopje Sounds Good и Skopje Calling на 29 и 30 октомври во МКЦ

Skopje Sounds Good и Skopje Calling на 29 и 30 октомври во МКЦ

Skopje Sounds Good и Skopje Calling ќе се одржат на 29 и 30 октомври во МКЦ.

„Нашиот став е дека никогаш не треба да се предадеме и дека ако престане да се свири и пее, престанува и животот. Поради тоа, заедно со нашите спонзори – стратешки партнери, одлучивме двата фестивала Skopje Sounds Good и Skopje Calling коишто беа откажани поради деновите на жалост и поради катастрофата во Тетово, да се одржат во форма која е единствено возможна во овој момент“, велат од Авалон продукција.

Skopje Sounds Good, соречиси непроменет line up, ќе се одржи на 29 октомври, со настапи на BUČ KESIDI, NIPPLEPEOPLE и FUNK SHUI, а утредента на 30 октомври ќе се одржи македонско издание на Skopje Calling исклучиво со домашни диџеи и тоа: GALOSKI, CYRILLIC, CHRIS J и JANA SLAYY.

Влезниците ќе бидат пуштени во продажба в четврток (07 октомври) во 9 часот наутро, во строго ограничен број по следниве цени: Skopje Sounds Good- 700 денари, Skopje Calling – 500 денари и блок-билет за двата настана- 900 денари.

Од „Авалон продукција“ наведуваат дека Skopje Sounds Good и Skopje Calling ќе се одржат согласно актуелните протоколи за одржување јавни настани.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Настани

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.