Настани
Скопје викендов ќе блеска со меѓународниот танцов натпревар DIAMOND!
Одбројувањето започна, возбудата сè поголема!
Овој викенд на 6-ти и 7-ми април во хотел „Мериот“ ќе се одржи најавениот меѓународен танцов натпревар DIAMOND, а Скопје ќе ги собере најдобрите танчери од регионот и пошироко, натпревар на кој ќе настапат над 1500 танчери од Македонија, Унгарија, Полска, Србија, Босна и Херцеговина, Грција, Романија и од Хрватска.
Свеченото отворање е во сабота во 9:00 часот наутро. Меѓународниот танцов натпревар е во организација на Сара и Нермин Кочан сопственици на инклузивното танцово студио Dancers United.
На натпреварот кој ќе трае два дена ќе учествува судиска комисија од 20 искусни судии, од кои 10 национални и 10 меѓународни судии, кои ќе обезбедат правична и точна евалуација на натпреварувачите.
Посетителите ќе имаат можност цели два дена да уживаат во кореографиите на класичен балет, модерен балет, латино и стандардни танци, акробатски танц шоуа, хип – хоп, инклузивен и пара танц, диско и уличен танц.
Натпреварот е поддржан од Светската танцова уметничка федерација и Националниот танцов сојуз.