Настани
„SLOWSCAPES 5“ – изложба на еколошка мода и дизајн
Шоурум за одржлива и еколошка мода и дизајн се одржа изминатата недела во Kултурно-социјалниот простор „Центар – Јадро“
Најновото издание на изложбата на македонска мода и дизајн „Slowscapes” даде приказ во работата на современите македонски дизајнери, истакнувајќи ги нивните практитки што придонесуваат кон заштита на нашата средина и подобра иднина. Беа претставени најновите колекции на нашите дизајнери, чијшто производ е препознатлив по рачната изработка и трансформацијата на македонската занаетчиска традиција во современ производ. Спротивставувајќи се на „брзата мода“ и прекумерното потрошување, изложбата исто така ќе имаше за цел да ја едуцира и поддржи публиката да започне да консумира свесно и одговорно.
За ова издание беше објавен отворен повик и стручното жири ги одбра следните брендови и дизајнери: „Лудус“, Марта Пејоска, „My Precious“, „Армма“, Ксенија Котев и Нина Нине.