Настани
Со неверојатен шестчасовен настан започна Европското првенство во танци 2022
Со шестчасовен настан, спој на области од уметноста и сите форми на креативност на едно место, во „Ист Гејт Мол“, започна Европското првенство во танци 2022. Преку 3000 танчери од 21 земја од Европа, почнувајќи од вчера (02.07.2022), ќе слават љубов, среќа, уметност, игра и пријателството, а сето тоа преку музика.
Поентата на уличната уметност, како најслободен вид уметничко изразување, е да произлезе од потребата да се создава, па токму затоа ова несекојдневно, четиридневно „стрит арт“ и хип хоп уживање е нешто што долго му недостасуваше на Скопје.
Започна со пантомими, жонглери и кловнови, а продолжува со концертот на Балканската, музичка дива Сара Јо, која важи за една од најактивните на хип хоп сцената. Концертот е вечерва од 21 часот, во Ист Гејт Мол.
Во склоп на третиот ден, утре (04.07.2022) во СЦ Јане Сандански од 18:30 часот, ќе има „Официјална Церемонија“ на која ќе се презентираат народите, пред преставници од амбасадите на државите кои учествуваат во првенството.
Хип хоп танчерите ќе ја претставуваат својата земја на сцената, за да се доживеат, натпреваруваат и да стигнат до највисоките рангирања, а на последниот ден од првенството, во вторник (05.07.2022) со хип-хоп бетл во „Ист Гејт Мол“ ќе биде затворено ова неверојатно четиридневно музичко искуство.