Настани
Со „Почеток“ стартува вториот дел од концертната сезона на Филхармонија
Македонската филхармонија го отвора вториот дел од концертната сезона со настанот “Почеток”. Здравко Ангелов, прв кларинетист, настапува како солист на концертот, додека диригент на оркестарот е Алфонсо Скарано.
Програмата вклучува дела од Мусоргски и Брамс, а концертот ветува виртуозна изведба и музичко уживање за почитувачите на класичната музика.
Здравко Ангелов (1978, Струмица) 11 години е вработен како прв кларинетист на Македонската филхармонија. Претходно работел во Државното музичко училиште во Скопје и бил надворешен соработник на Македонската опера и балет. Учествувал на значајни фестивали и концерти и е носител на бројни награди и признанија.