Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

„Свадбата на Фигаро“ од Моцарт на Малата сцена на НОБ

Настани

„Свадбата на Фигаро“ од Моцарт на Малата сцена на НОБ

На Малата сцена на Националната опера и балет на 14 јуни (среда) од 20 часот, „Балкан опера студио“  во копродукција со Оперското студио при Театарот на Литванската национална опера и балет и нашиот оркестар „Профундис“ под диригентската палка на Ѓурѓица Дашиќ ќе ја изведат омилената опера од Моцарт, „Свадбата на Фигаро“.

Изминатиов период исклучителна екипа составена од врвни професионалци и млади надежи работеше на поставката на ова оперско дело. Режијата и продукцијата се на Љупка Јакимовска и Дамјан Попоски, музичкиот директор на Оперското студио при Литванската национална опера и балет Раминта Лапсатис ќе настапи на чембало, а соработник на пијано е Јанинка Невчева. Насловниот лик му е доверен на Јонас Сакалаускас, а нему на сцената ќе му се придружат Емилија Финагејеваите, Невен Силјановски, Јулија Каралиунаите, Силвија Плешке, Миндаугас Мишкинис, Лауринас Аксамитас, Мартина Мокшецкаите и Марко Димовски, додека во улогата на грофицата Алмавива, како специјална гостинка, ќе настапи првенката на Литванската опера,  Јоана Гедминтаите.

Влезот за ова македонско-литванско-хрватско оперско искуство е слободен, согласно капацитетот на салата.

работна атмосфера од подготовките на операта „Свадбата на Фигаро“Првенката на Литванската опера, Јоана ГедминтаитеПрвенката Јоана Гедминтаите, Раминта Лампсатис и маестроа Ѓурѓица Дашиќ на работна проба за претставата Свадбата на ФигароПрвенката на Литванската опера, Јоана Гедминтаите 1
<
>

Повеќе од Настани

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.