Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Таксират Фестивал 25 започнува во јануари

Настани

Таксират Фестивал 25 започнува во јануари

Со енергично темпо едно од највозбудливите изданија на „Таксират Фестивал“ движејќи се кон главната фестивалска вечер, секој месец од 2023-та година ќе го исполни со најмалку еден концерт во офф-програмата на фестивалот, правејќи го 25-тиот славенички музички репертоар најбогат досега. Славеничкиот дух започна уште оваа година кога „Таксират“ беше избран во најдобрите 10 фестивали во Европа во категоријата категоријата „Најдобар фестивал во затворен простор“ (Best Indoor Festival) на престижните Европските фестивалски награди, а секако ќе продолжи и во текот на следната година!

Групата која ќе го започне јубилејното издане на „Таксират“ се ексцентричниот бенд „Shortparis“. Веќе меѓународно препознатливи, тие на 16-ти јануари во Младинскиот Културен Центар во Скопје ќе покажат зошто многумина ги именуваат како „најдобриот изведувач во живо“.

На нивниот прв соло-концерт во Скопје ќе проследиме „саундтрек“ на нивните секојдневни животи, мелодија која ќе го отслика Санкт Петербург, градот од кој потекнуваат, во неговото минато како и во денешницата. Со несомнено занемувачки настапи на три јазици: руски, француски и англиски, „Shortparis“ предводени од харизматичниот фронт-мен Николај Комјагин својата репутација ја градат на темен, електронски звук спојувајќи „ирационален спазматичен ритам“ со „пост-панк, експериментални и акустични песни“ за да формираат единствена музичка естетика.

Билетите за овој уникатен концерт се веќе во продажба по промотивна новогодишна цена од 600 денари на веб-страната на „МкТикетс“ и во нивните продажни места (https://mktickets.mk/event/shortparis/) , понуда достапна до крајот на оваа година, 31 декември 2022.

Амбициозни и незапирливи „Shortparis“ ја имаат воодушевено публиката на голем број фестивали низ Европа меѓу кои и германскиот „Reeperbahn Festival“, „The Great Escape“ во Велика Британија, словенечкиот „MENT Festival“, „Pohoda“ во Словачка и многу други. Допрва ги очекува и „Таксират“ на кој тие ќе ја имаат шансата да ја воодушеват и македонската публика.

Повеќе од Настани

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.