Трета среќа за иконата на грчката електронска сцена – Никос Диамантопулос повторно во Скопје
Музичкиот серијал насловен Intermеzzo Music Rituals продолжува – овој пат со иконата на електронската музика од соседна Грција, артистот чии хитови сè уште се вртат на најпопуларните подиуми и радиостаници ширум светот – Никос Диамантопулос.
Гостувањето на Диамантопулос е закажано за утревечер, петок 17 јули, затоа не пропуштајте ја можноста да бидете меѓу најдобрите.
Инаку, ова не е прво гостување на Диамантопулос во првиот и единствен музички бар кај нас, кој патем е вистински хаус-музички ветеран кој ѝ служи на музичката индустрија повеќе од 30 години. Тој во својата биографија има повеќе од 200 изданија, вклучувајќи четири албуми (LP) и соработува со најпознатите уметници, меѓу кои Little Louie Vega, Jask, Lustral, Hiroshi Watanabe, Roland Clark, Jamie Lewis… Неговата музика се појавува на изданијата на врвните издавачки куќи како Armada Music, Defected, King Street, Purple Music, Vida Records, а е опишана како сон исполнет со емоции, микс на многу култури, вклучувајќи џез, соул, афро-бит, фанк и етно музика.
Гостувањето на Никос Диамантопулос е само почеток на едно навистина жешко музичко лето и старт на серијалот гостувања на врвни диџеј имиња кои ќе застанат зад најжешкиот диџеј пулт во градот.